• понеделник, 16 декември 2024

Во Англија се повеќе апсења поврзани со фудбалот

Во Англија се повеќе апсења поврзани со фудбалот

Лондон, 28 септември 2023 (МИА) – Во Англија бројот на апсења поврзани со фудбалот го достигна рекордот од 2014 година, објави денеска британското Министерство за внатрешни работи.

Извештајот покажува дека во изминатата фудбалска сезона (2022/23) се регистрирани 2.264 апсења поврзани со фудбалот, додека важечки се 1.624 забрани за влез на фудбалските стадиони.

Најчесто кривично дело за апсењата поврзани со фудбалот било нарушување на јавниот ред и мир (34 проценти).

Во исто време, за 53 отсто се намалени слуачите на апсења поради упад на навивачи на фудбалските терени.

Втора година по ред најголем број уапсени се навивачи на Вест Хем (89), по што следат навивачи на Манчестер јунајтед (83) и Лидс (69). ег/ми/

фото: Х

Остани поврзан