• среда, 27 ноември 2024

Во Амазонија за шест месеци уништени 3.988 квадратни километри шума

Во Амазонија за шест месеци уништени 3.988 квадратни километри шума
Бразилија, 9 јули 2022 (МИА) – Во првите шест месеци од годината сечата на шума во бразилската амазонска прашума достигна рекордно високо ниво односно уништена е површина петпати поголема од Њујорк, покажуваат податоците на бразилската Влада. Според бразилската Агенција за вселенски истражувања Инпе, од јануари до јуни оваа година, во Амазон се исечени се дрвја на 3.988 квадратни километри, што е зголемување за 10,6 отсто во споредба со истиот период лани. Само во јуни уништувањето на шумите се зголемило за 5,5 проценти односно биле уништени дрвја на 1.120 квадратни километри, што е исто така рекорд за тој месец. Најголема прашума во светот, Амазонија содржи огромни количини на јаглерод, што се ослободува со уништување на дрвјата, загревање на атмосферата и поттикнување климатски промени. Уништување на шумата е поттикнато и од невообичаено големи пожари во Амазонија, а се очекуваат пожари и во следните месеци. Во Бразил во јуни се регистрирани најголем број пожари во изминатите 15 години. Експертите во Бразил го обвинуваат десничарскиот претседател Жаир Болсонаро за намалувањето на заштитата на животната средина и охрабрувањето на дрвосечачите, сточарите и шпекулантите кои го чистат јавното земјиште заради профит. ми/

Остани поврзан