• сабота, 23 ноември 2024

Во Албанија од април „ден без автомобили“

Во Албанија од април „ден без автомобили“
Тирана, 25 март 2022 (МИА) - Од 3 април, првата недела во месецот, секој град во Албанија ќе има ден без автомобили, соопшти денеска албанската Влада. Одлуката е донесена за време на глобална енергетска и криза со горива, што силно ја погоди земјата. Цените станаа едни од највисоките на континентот, што предизвика еднонеделни национални протести, пренесува Еуроактив. - Треба да го намалиме сообраќајот најмногу што можеме, а, ако не можеме да избегнеме палење на автомобил секој ден, најмалку што можеме, е да го направиме тоа за викенд. Затоа, ние го започнуваме планот Ден без автомобил, првата недела, секој месец, појасни министерката за туризам Мирела Кумбаро. Таа истакна дека мерката не е само за да се заштеди пари на гориво, туку и за да се придонесе за животната средина. Од руската инвазија на Украина, цените на горивото во Албанија значително се зголемија. Како една од најсиромашните европски земји, со минимална плата од само 240 евра месечно, цените од над две евра за литар, тешко ги погодија бизнисите и семејствата, пишува Еуроактив. Ова, во комбинација со поскапување на храната до 40 отсто, резултираше со големи протести низ земјата, што траеја една недела. Владата на 21 март нареди затворање на сите училишта и на државните институции, на еден ден, заради заштеда на електрична енергија. бд/ссм/

Остани поврзан