• сабота, 23 ноември 2024

Во акцијата Армагедон седумина педофили уапсени за сексуална експлотација на деца од три до 14 години

Во акцијата Армагедон седумина педофили уапсени за сексуална експлотација на деца од три до 14 години

Белград, 5 март 2024 (МИА) - Во акцијата Армагедон полицијата уапси седум лица во Белград, Ниш, Пирот и Лесковац. Истите се сомничат дека преку социјалните мрежи влегувале во комуникација со малолетници од сопствени и лажни профили, праќале фотографии и видео снимки од порнографска содржина и прибавиле содржини кои произлегуваат од експлоатација на малолетник, како и договарале средба со малолетници за сексуален однос, јави дописникот на МИА од Белград.

-Се сомневаат дека подолг период со користење специјализирани апликации за споделување датотеки или со користење на специјални претраживачи кои овозможуваат прикривање и анонимност на локацијата, како и преку социјалните мрежи од сопствени и лажни сметки, стапиле во комуникација со малолетници, испраќале фото и видео снимки од порнографски содржини и добиени содржини кои произлегуваат од експлоатација на малолетник, како и договарање на средба со малолетници за сексуален однос, соопшти МВР.

Во соопштенеито на МВР се додава дека при претрес на становите на осомничените, со увид во компјутерите и компјутерската опрема, пронајдена е поголема количина на видео клипови и фотографии создадени со експлоатација на малолетници во порнографски цели, содржини за сексуална експлоатација на деца од три до четиринаесет години. Пронајдени се и други фотографии и видео записи за експлицитна злоупотреба на деца во порнографски цели, како и пораки со сексуална содржина со кои осомничените сексуално вознемирувале деца и малолетници.

За реализација на оваа акција придонесе пристапот до српската платформа „Те чувам“, како и платформата на Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца (Нечмек) од Соединетите Американски Држави, кој е глобален лидер во помагање за спречување на киднапирања и пронаоѓање исчезнати деца и борба против сексуалната експлоатација на деца на Интернет, на чија платформа директен пристап има Србија, што е единствен случај во регионот. об/сд/

Остани поврзан