Во автобуска несреќа во Перу загинаа 17 патници
- Најмалку 17 лица загинаа откако автобус падна во клисура во провинцијата Луканас во јужниот дел на Перу.

Лима, 18 јуни 2021 (МИА) - Најмалку 17 лица загинаа откако автобус падна во клисура во провинцијата Луканас во јужниот дел на Перу.
Повеќе од 20 патници се здобија со различни повреди и тие се веднаш хоспитализирани.
Според првичните податоци, возачот на автобусот изгубил контрола и возилото паднало во провалија од 200 метри височина. гт/