• среда, 27 ноември 2024

Во Австралија, 11-годишна милионерка најави забава за нејзиното „пензионирање“

Во Австралија, 11-годишна милионерка најави забава за нејзиното „пензионирање“

Мелбурн, 27 јули 2023 (МИА) - Пикси Кертис, 11-годишна австралиска милионерка, ќе организира забава по повод нејзиното „пензионирање“, откако нејзината мајка Рокси Јаченко ѝ укажала на важноста да се воспостави рамнотежа меѓу образованието и претприемништвото, пишува „Њујорк пост“.

Пикси почна да продава тн. „фиџет-спинери“ за време на корона-пандемијата, по што заработи неколку милиони долари.

Младата претприемачка од Австралија ќе приреди забава за нејзиното (веројатно привремено) повлекување од бизнисот, на денот на нејзиниот 12. роденден за да се сосредоточи на образованието.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан