• сабота, 04 јануари 2025

Во Авганистан има околу четири милиони зависници од дрога, секој десетти е зависник

Во Авганистан има околу четири милиони зависници од дрога, секој десетти е зависник

Кабул, 2 јануари 2025 (МИА) - Авганистанскиот заменик-министер за борба против наркотици Абдул Рахман Касеми изјави дека во земјата има околу четири милиони наркозависници, односно дека секој десетти во таа земја е зависник од дрога.

Касеми истакна дека поради еден наркозависник негативни последици трпат уште најмалку седум лица, главно членови на неговото семејство.

Говорејќи во центарот за лекување наркомани „Агуш“ во Кабул, Касеми рече дека, според Министерството за внатрешни работи, илјадници луѓе во Авганистан се лекуваат од зависност од дрога.

Касеми тврди дека за повеќе од три години откако Талибанците се вратија на власт во Авганистан, повеќе од 100.000 зависници од дрога поминале на лекување, а 95 отсто од нив се опоравиле.

Според Касеми, одгледувањето дрога и трговијата со дрога во Авганистан се сведени на нула.

Вториот заменик-министер за борба против дрогата Абдул Хак Хамкар изјави дека во центарот за рехабилитација „Агуш“ се лекуваат 5.000 наркозависници, на кои, меѓу другото, им се обезбедуваат и бесплатни часови по веронаука. ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан