• сабота, 22 февруари 2025

Војската на Конго повратила неколку градови, но и натаму се водат борби со бунтовниците

Војската на Конго повратила неколку градови, но и натаму се водат борби со бунтовниците

Гома, 13 јануари 2025 (МИА) - Неколку градови кои беа под контрола на вооружени групи во провинциите Северен Киву и Јужен Киву во источниот дел на Конго се повторно заземени од владините сили, изјави портпаролот на армијата на Конго.

Во исто време, бунтовниците напредуваа и во други области од регионот. Во источно Конго, владата со децении е во конфликт со повеќе од 100 вооружени групи, од кои повеќето се борат за територија во регион богат со минерали во близина на границата со Руанда.

Овие конфликти доведоа до една од најголемите хуманитарни кризи во светот и повеќе од седум милиони раселени луѓе.

-Напредувањето на бунтовниците е запрено, изјави воен портпарол.

Зачестените судири меѓу конгоанските сили и бунтовниците оставија десетици села недостапни и надвор од дофатот на хуманитарната помош.

Најдоминантна во регионот е бунтовничката група М23, за која владата на Конго и експертите на ОН тврдат дека е поддржана од соседна Руанда, тврдење што земјата го негира. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан