• среда, 25 декември 2024

Војската во Мали тврди дека пронашла масовна гробница во североисточниот дел на земјата

Војската во Мали тврди дека пронашла масовна гробница во североисточниот дел на земјата

Бамако, 19 ноември 2023 (МИА) - Војската на Мали денеска соопшти дека пронашла масовна гробница во градот Кидал на североистокот на земјата, неколку дена откако повторно го зазеле градот од сепаратистичките сили Туарег, јави Би-Би-Си.

Во соопштението на армијата се вели дека масовната гробница била откриена во четвртокот за време на операцијата за консолидирање на нивните позиции во градот.

Не се соопштуваат повеќе детали, но беше кажано дека е во тек истрага за изведба на одговорните пред лицето на правдата.

Малиската армија го врати Кидал во вторникот, откако силите на Мировната мисија на ОН во Мали (МИНУСМА) ја напуштија својата база како дел од договорот за повлекување од земјата до крајот на годината. паг/

Фото: МИА


 

 

Остани поврзан