• четврток, 26 декември 2024

Војници убиле тројца полицајци во индонезиската провинција Папуа

Војници убиле тројца полицајци во индонезиската провинција Папуа
Џакарта, 13 април 2020 (МИА) – Војници убиле тројца полицајци во лична расправија во покраината Папуа во Индонезија, соопшти денеска полицијата. Војниците, исто така, раниле уште две полицајци во пукањето што се случило вчера во областа Мамберамо Раја, изјави портпаролот на полицијата на Папуа, Антон Ампанг. - Дошло до недоразбирање меѓу припадниците на армијата и припадниците на полицијата во Мамберамо Раја, рече тој, без да образложи повеќе детали. Началникот на полицијата во Папуа, Паулс Ватерпау изјави дека го повлекол оружјете од својот персонал во Мамберамо за да спречи одмазднички напади. - Се обидуваме да ги смириме нашите офицери и да ги спречиме да не ги почитуваат наредбите, истакна тој. Во Папуа од 60-тите години на минатиот век има сепаратистички судири. јт/

Остани поврзан