• недела, 17 ноември 2024

Вотсон ја освои титулата во Акапулко

Вотсон ја освои титулата во Акапулко
Акапулко, 1 март 2020 (МИА) - Британката Хедер Вотсон победи на тенискиот турнир на тврди терени со награден фонд од 275.000 американски долари во Акапулко, Мексико. Поставената под број 7 ја совлада Лејла Ани Фернандез (Канада), 6-3, 6-7 (8), 6-1, по 2 часа и 46 минути игра. Така, Вотсон ја заработи својата четврта титула во кариерата и прва од 2016 година, кога последен пат триумфираше повторно на мексиканско тло, но во Монтереј. Фернандез, 17-годишна, за прв пат играше во финале на ВТА турнир. - Јас сум многу среќна што ја освоив својата четврта титула. Помина многу време од мојот последен трофеј, па затоа сум исклучително задоволна што го поминав овој тежок натпревар. Имаше многу подеми и падови во мојата игра. Промашив пет меч топки во вториот сет, но драго ми е што ја задржав својата концентрација и го освоив третиот, рече Вотсон, која ќе се врати во првите 50 на светската ранг-листа. Фернандез, од друга страна, ќе напредува за најмалку 60 места на рангот на ВТА и ќе биде меѓу првите 130 од утре.

Остани поврзан