• среда, 04 февруари 2026

Вон ќе настапи на ЗОИ2026 и покрај повредата

Вон ќе настапи на ЗОИ2026 и покрај повредата

 

Кортина, 3 февруари 2026 (МИА) – Американската скијачка ѕвезда Линдзи Вон денеска на прес-конференција во Кортина д’Ампецо изјави оти верува дека ќе може да се натпреварува на претстојните Зимски олимписки игри (ЗОИ), иако во петокот ги повреди лигаментите на левото колено при пад на спустот во Кран Монтана.

„Денеска скијав и се чувствувам стабилно и силно. Коленото не ми е отечено и мислам дека со помош на ортоза ќе можам да се натпреварувам в недела“, изјави Вон.

В недела, Вон ќе се натпреварува во спустот на Олимписките игри, што официјално ќе започнат в петок и ќе завршат на 22 февруари.

Првиот официјален тренинг во олимпискиот спуст е в четврток.

„Ќе направам сè што е потребно за да бидам таму, рече Вон“, која имаше бројни повреди во кариерата.

Четириесетиедногодишната Вон се врати во трките од Светскиот куп во алпско скијање минатата година по петгодишна пауза, а оваа сезона веќе победи на две трки во спуст и убедливо води во генералниот пласман во оваа дисциплина.ег

ФОТО: Архива

Остани поврзан