• понеделник, 23 декември 2024

Вонреден конгрес на Алтернатива во Куманово

Вонреден конгрес на Алтернатива во Куманово

Куманово, 6 јули 2024 (МИА) - Околу 500 делегати на Алтернатива денеска во Куманово на вонреден изборен конгрес бираат претседател, откако досегашниот претседател Африм Гаши поднесе оставка од лидерската позиција и беше назначен за претседател на Собранието.

- Се уште немаме официјални бројки. Како што знаете (делегатите) сè уште се потпишуваат од ограноците од целата република. Очекуваме да имаме над 500 делегати кои ќе бидат присутни на вонредниот конгрес. Секој делегат има право да предложи, потребно е да има поддршка од десет отсто од вкупниот број на делегати и секој е потенцијален кандидат за претседател на партијата, изјави потпретседателот на партијата, Амир Елези пред почнувањето на конгресот.

На конгресот присуствуваат претставници од политички партии кои се дел од владиното мнозинство. ам/аа/


Фото и видео: МИА

Остани поврзан