Волф: Целта на Мерцедес е третото место во шампионатот за конструктори
Лондон, 24 јули 2024 (МИА) – Во пресрет на трката од Формула 1 шампионатот што ќе се вози в недела во Белгија, Тото Волф, извршниот директор на Мерцедес зборуваше за целите на тимот за оваа сезона.
Тој оценувајќи го моменталниот однос на силите и позицијата на тимот, истакна дека третото место во шампионатот за конструктори го смета за реална цел за Мерцедес.
Мерцедес моментално е на четвртото место во шампионатот за конструктори со 81 поен заостанување зад третопласираниот Ферари.
- Она што мораме да го признаеме е дека во моментов Мекларен се издвојува од сите аспекти. И прекрасно е што друг тим успеа да направи таков скок напред и извојува еден-два победа. Ова е добра вест за сите нас. Сега ни е тешко да зборуваме за конкретни цели за првенството. Бидејќи рамнотежата на силите во болидот може многу да се промени во зависност од ажурирањата што ги носат одредени тимови. Ми се чини дека ако зборуваме за реално оптимално сценарио, тогаш нашата цел денес е третото место во шампионатот на конструктори. Тешко е да се стигне до Ред Бул, но Мекларен сега постави нова граница. Така да, третото место е добра цел, иако ќе биде тешко да се постигне, изјави Волф.
Ред Бул е лидер во поредокот кај конструктори со 389 бода, пред Мекларен Мерцедес со 338, Ферари е трет со 322, мерцедес на четвртото место собра 241 бод. зс/
Фото: ЕПА