• четврток, 04 декември 2025

Волф за малкуте азиски возачи во Формула 1: На луѓето им се потребни херои

Волф за малкуте азиски возачи во Формула 1: На луѓето им се потребни херои

Лондон, 8 октомври 2025 (МИА) – Извршниот директор на тимот на Мерцедес објасни зошто има толку малку азиски возачи во Формула 1.

- Кога станува збор за Формула 1, тоа е чиста меритократија. Не можете да си дозволите да имате помалку од ѕвездени возачи зад воланот на вашиот автомобил. Сè започнува со картинг. Луѓето имаат потреба од херои. Имавме големо зголемување на бројот на германски возачи, кога децата го видоа Михаел Шумахер како доминира. Ви треба таа искра - и потоа сè ќе се среди, изјави Волф. 

Моментално, во серијата има само двајца азиски возачи: Јуки Цунода од Ред Бул и Алекс Албон од Вилијамс. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан