• вторник, 24 декември 2024

Волфсбург утре продолжува со тренинзите

Волфсбург утре продолжува со тренинзите
Волфсбург, 22 март 2020 (МИА) – Стручниот штаб на бундеслигашот Волфсбург одлучи да продолжи со тренинзите и покрај заканата од ширење на коронавирус, пренесе „АФП“. Тимот ќе започне со тренинзи утре (23 март). Оваа одлука е донесена со оглед на продолжување на германскиот шампионат планиран за 4 април и не е повторно одложен. Тренингот во Волфсбург ќе се одржи на стадионот на клубот, а не во центарот за обука. Ова ќе обезбеди безбедно растојание помеѓу сите учесници. Сите играчи ќе бидат поделени во четири групи, тренингот со топката сè уште не е безбеден. Волфсбург ќе ги откаже тренинзите доколку Бундеслигата одлучи повторно да го одложи продолжувањето на првенството. зс/

Остани поврзан