Волонтери од Клубот на млади при струмичкиот Црвен крст поделија пакетчиња на децата кои се на лекување во болница
- Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, волонтерите од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Струмица, со многу љубов и топлина денеска поделија пакетчиња на децата кои се лекуваат во ЈЗУ „Општа болница Струмица“, носејќи празнична радост и насмевки таму каде што се најпотребни, соопштија од организацијата.
Струмица, 30 декември 2025 (МИА) - Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, волонтерите од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Струмица, со многу љубов и топлина денеска поделија пакетчиња на децата кои се лекуваат во ЈЗУ „Општа болница Струмица“, носејќи празнична радост и насмевки таму каде што се најпотребни, соопштија од организацијата.
Како што се наведува, пакетчињата биле обезбедени преку собрани средства од рециклирање на шишиња во рамки на програмата „Зелен волонтеризам“, како и со поддршка од Бојана Дулгерова и уште двајца анонимни донатори, кои со својата хуманост значајно придонеле за реализацијата на оваа акција.
-Голема благодарност до сите кои беа дел од оваа иницијатива и покажаа дека со мали чекори и големо срце можеме да направиме голема разлика, стои во соопштението на стримичкиот Црвен крст и притоа се додава дека секоја детска насмевка е доказ дека љубовта и вниманието се најубавиот подарок. рт/фф/
Фото: Црвен крст Струмица