• недела, 28 јули 2024

Вознијацки го доби првиот меч по враќањето на турнејата, таа нема играно од јануари 2020 година

Вознијацки го доби првиот меч по враќањето на турнејата, таа нема играно од јануари 2020 година

Монтреал, 9 август 2023 (МИА) - Данската тенисерка Каролина Вознијацки ја победи Австралијката Кимберли Бирел во првото коло на ВТА 1000 турнирот во Монтреал (Канада) - 6:2, 6:2. Средбата траеше 1 час и 38 минути.

 

Триесет и тригодишната Вознијацки се врати на професионалниот тенис по три години и 8 месеци по раѓањето на две деца.

 

Следна ривалка на Данката во Монтреал ќе биде Маркета Вондрушова од Чешка.

 

Наградниот фонд на турнирот изнесува 2,8 милиони долари. зс/

 

Фото: Фејсбук

Остани поврзан