• петок, 27 декември 2024

Возниацки: Серена ми понуди да го одложам „пензионирањето“ и да играм до крајот на сезоната само во парови

Возниацки: Серена ми понуди да го одложам „пензионирањето“ и да играм до крајот на сезоната само во парови
Копенхаген, 10 мај 2020 (МИА) - Поранешната најдобра тенисерка на светот, Каролина Возниацки, која ја заврши кариерата оваа година, го коментираше нејзиниот настап со Серена Вилијамс на турнирот во двојки во Окленд. - Беше еден од најзабавните турнири во мојата кариера. Разговаравме многу, и јас заклучив дека требаше да играме заедно многу порано. Таа дури ми предложи да го одложам крајот на професионалната кариера и да играм до крајот на сезоната, само во парови. Сепак, нема да тренирам само за игра во двојки, изјави Возниацки. Данската тенисерка исто така раскажа што сака да направи следно. - Сè уште не знам. Мислам дека ќе работам на телевизија подоцна. Но, да тренирам не е приоритет за мене. Знам што да правам, но тешко ми е да го соопштам ова на другите, затоа што губам трпеливост, додаде Возниацки. зс/

Остани поврзан