• четврток, 05 декември 2024

Возилата кај хотелот „Радика“ се извлекуваат со специјално возило, нормализиран сообраќајот на Попова Шапка

Возилата кај хотелот „Радика“ се извлекуваат со специјално возило, нормализиран сообраќајот на Попова Шапка

Скопје, 1 декември 2024 (МИА) - Возила кои поради снежните врнежи беа заглавени кај хотелот „Радика“ во Маврово се извлекуваат со специјално возило на Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионалните патишта.

Од Центарот за управување со кризи вечерва соопштија дека според последната информација од терен добиена во 20 часот, колоната возила е стигната до Бунец. Се движат споро, но според дежурните екипи, ќе успеат да се стигнат до своите дестинации.

Висината на снежната покривка во овој дел е околу 80 сантиметри и има паднати голем број на дрвја кои го отежнуваат сообраќајот.

ЦУК информира дека расчистен е и сообраќајниот метеж која настана на Попова Шапка поради тоа што возила била со летни гуми. Сообраќајот во двата правци се одвива во зимски услови, забавено со задолжителна употреба на зимска опрема.

Состојбата после вчерашните и денешни врнежи од дожд и снег во поголемиот дел од Северозападниот регион е редовна и сообраќајот се одвива нормално. Снабдувањето со електрична енергија е редовно и нивото на водотеците е на нормално ниво за овој период од годината. Проблеми има на високопланинските села каде сообраќајот се одвива во зимски услови и забавено со задолжителна употреба на зимска опрема.

Во скопско, според информациите од терен, патот до селото Бродец е прооден, додека кон селата Танушевци, Брест и Малино патот е непрооден. Екипи на ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта биле на терен и расчистуваке, но со расчистување на овој патен правец ќе се продолжи во текот на утрешниот ден.

Поради обилните врнежи од снег и дожд во Пелагонискиот регион добиени се голем број пријави за прекини на електричната енергија, оштетени бандери, четири поплавени подрумски простории во куќи (3 во Битола и 1 во Кривогаштани), поплавен коловоз кај бензиската пумпа „Салида“ во Прилеп и одрони на патните правци Прилеп-Битола, Прилеп-Кавадарци и Демир Хисар-Кичево. Патниот правец од Битола до хотелот Молика е прооден само со теренски возила, додека од 16:42 часот во прекин е патниот правец од Крушево за селото Пуста.

Во Охридскиот регион, сообраќајот се одвива по влажни коловози и во зимски услови. Селата Опеница, Завој, Свињишта и Колари се без напојување со електрична енергија поради дефекти настанати како резултат на снежните врнежи.

Во Југоисточниот регион сите  регионалени, магистрални и локални патишта се проодни. бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан