Воздушна тревога во Киев, соборен најмалку еден дрон
- Во Киев и неговата околина вечерва е активирана воздушна тревога поради напад со дронови, од кои најмалку еден е соборен, соопштија официјални претставници.

Киев, 4 мај 2023 (МИА) - Во Киев и неговата околина вечерва е активирана воздушна тревога поради напад со дронови, од кои најмалку еден е соборен, соопштија официјални претставници.
Нападот почна нешто по 20 часот и траеше околу 20 минути кога е активирана противвоздушната одбрана.
Жителите пријавиле дека слушнале експлозии и пукотници во центарот на градот.
Армијата ги повика луѓето да останат смирени и да бараат засолниште.
Експлозиите престанаа по 15 до 20 минути.
Тогаш можеше да се види облак од црн чад додека воената управа на градот Киев соопшти дека предупредувањето за воздушен напад е завршено.
„Непријателскиот дрон беше соборен“, изјави шефот на кабинетот на претседателот, Андреј Јермак. рп/
Фото: ЕПА