• вторник, 24 декември 2024

Воена вежба на руските војници во Јапонско Море

Воена вежба на руските војници во Јапонско Море
Москва, 23 јуни 2021 (МИА) - Во водите на Јапонско Море, на островот Сахлин и на Курилски Острови почна голема воена вежба на руската армија во која учествуваат 10.000 војници. Во воената вежба на Далечен Исток учествуваат единиците на корпусот на Источниот воен округ и Пацифичката флота, под раководство на командантот на Источниот воен округ, генерал потполковник Сергеј Севрјуков. Воената вежба претставува една од фазите за проверка на оперативните и борбени подготовки на армијата на источната граница. Претходно, руското Министерство за одбрана соопшти дека воените бродови на Пацифичката флота на Русија, заедно со морнаричката авијација, првпат во современата историја изведуваат воена вежба во централниот дел на Тихи Океан. ми/

Остани поврзан