• сабота, 23 ноември 2024

Воена вежба на руската морнарица на Арктикот

Воена вежба на руската морнарица на Арктикот
Москва, 2 јули 2021 (МИА) - Руската морнарица денеска почна воена вежба во Беренцово и во Норвешко Море, соопштти Руската северна флота. Во воената вежба учествуваат неколку подморници, како и тие од четвртата генерација, при што ќе се тестираат системите и вооружувањето на подморниците. Оружјето ќе се испитува на длабочина од 500 метри, што е крајна граница за поголемиот број современи подморници. Руската морнарица на почетокот на јуни одржа воени вежба во Баренцово Море за заштита на арктичките граници, во која учествуваа над 20 бродови и подморници, како и 10 авиони и хеликоптери. ми/

Остани поврзан