Водостојот на поголем дел од реките во земјава повисок или во рамки на јулскиот просек
- Водостоите на поголем дел од реките во земјава се повисоки или во рамки на просекот за јули покажуваат податоците од мерењата што ги врши УХМР.

Скопје, 2 јули 2024 (МИА) - Водостоите на поголем дел од реките во земјава се повисоки од просекот за јули, покажуваат податоците од мерењата што ги врши УХМР.
Нивото на Вардар е повисоко од просечното за овој период од годината на речиси сите мерни места. Намалување на водостојот се бележи кај реките Црн Дрим и Сатеска.
Кај водостоите на езерата во земјава нема поголеми отстапувања од просекот за јули.
Според податоците од УХМР, температурата на Охридското Езеро измерена утрово е 23,5 степени Целзиусови, на Дојранското 28,6 и на Преспанското 24 степени. сст/вг/
фото МИА архива