Водата за пиење во селата Еднокуќево и Робово во Општина Босилово е безбедна за употреба
- Жителите на селата Еднокуќево и Робово во Општина Босилово, кои повеќе од два месеци немаа чиста вода за пиење, добија известување дека водата е здравствено исправна и безбедна за употреба.

Струмица, 13 февруари 2024 (МИА) - Жителите на селата Еднокуќево и Робово во Општина Босилово, кои повеќе од два месеци немаа чиста вода за пиење, добија известување дека водата е здравствено исправна и безбедна за употреба.
Во известувањето од Општината и ЈПКД „Огражден“ стои дека според последните анализи за квалитетот на водата од 9. овој месец, извршени од акредитирана лабараторија, водата е безбедна за употреба.
Според градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев, со последното известување за квалитетот на водата засега се решава проблемот во овие две населени места.
Инаку, во селата Еднокуќево и Робово живеат околу илјади жители.рт/цр
Фото: МИА архива