• вторник, 26 ноември 2024

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење

Скопје, 5 август 2024 (МИА) - Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење, покажуваат резултатите од анализите што ги изврши ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

- Секторот за санитарна контрола во периодот од 29 јули 2024 до 1 август 2024 зема 162 примероци за физичко-хемиска и 162 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), се вели во соопштението од „Водовод и канализација“ - Скопје. мд/са/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан