• петок, 05 декември 2025

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Скопје, 17 ноември 2025 (МИА) - Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажува најновиот неделен извештај на ЈП „Водовод и канализација. 

Секторот за санитарна контрола во периодот од 10.11.2025 до 14.11.2025 зема 201 примероци за физичко-хемиска и 201 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје.

-Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), се наведува во соопштението од ЈП „Водовд и канализација“.свс/вј/

Фото: ЈП „Водовод и канализација

Остани поврзан