• петок, 05 декември 2025

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Скопје, 28 април 2025 (МИА) - Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат податоците од направените анализи на 147 примероци од 39 мерни места.

-Секторот за санитарна контрола во периодот од 22-ри до 25 април зема 147 примероци за физичко-хемиска и 147 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во Градот Скопје.Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.

Јавното претпријатие, како што се наведуваат оттаму, со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, овие податоци ги објавува во неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. сст/нд/

Фото МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан