• недела, 28 јули 2024

Водата во Делчево исправна за пиење

Водата во Делчево исправна за пиење

Делчево, 16 мај 2024 (МИА) - Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ од Делчево ги соопшти резултатите од тестирањето на водата за пиење, по неколкуте испитувања на квалитетот на водата од новата филтер станица. Од претпријатието ја информираа јавноста дека согласно сите параметри водата е исправна за пиење.

-ЈКП „Брегалница", Делчево во изминатиот период изврши неколку испитувања на квалитетот на водата од новата филтер станица. На наше задоволство и на задоволство на изведувачот на работите, добиените резултати ги задоволуваат критериумите за бараните параметри за бактериолошка и физичко-хемиска анализа во согласно Правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење (Сл.весник на РМ бр.183/18), информираа од делчевското комунално претпријатие.

Испитувањата, како што посочија, се вршени во две лаборатории.

-Тестирањето на квалитетот на вода се испитуваше во две сертифицирани лабаратории: Центар за јавно здравје- Кочани и ФУД лабараторија- Скопје. Во согласност со овие резултати ги известуваме корисниците дека водата од новата филтер станица е исправна за пиење, додадоа од претпријатието. 

Оттаму соопштија дека очекуваат во најскоро време да се изврши примопредавање на новата филтер станица на ЈКП „Брегалница" Делчево. вс/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан