• сабота, 23 ноември 2024

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење
Скопје, 29 август 2022 (МИА) - Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење, покажува неделниот извештај спроведен во Секторот за санитарна контрола. -Секторот за санитарна контрола во периодот од 22.08.2022 до 26.08.2022 зема 203 примероци за физичко-хемиска и 203 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18). свс/дма/

Остани поврзан