• вторник, 24 декември 2024

Воведување „локдаун“ во Словачка е извесно, само е прашање кога

Воведување „локдаун“ во Словачка е извесно, само е прашање кога
Братислава, 9 декември 2020 (МИА) - Воведување рестриктивни мерки во Словачка е извесно, а кога и во кој облик, ќе биде објавено по денешниот состанок со премиерот Игор Матович, изјави министерот за здравство Марек Крајчи. - Многу сум загрижен поради ситуацијата во болниците, каде примаме се повеќе пациенти, истакна Крајчи. Тој одби да коментира околу деталите за рестриктивните мерки, односно дали лицата кои се негативни на коронавирус ќе можат да се движат без ограничувања. Крајчи нагласи дека е можно повторно да се спроведе масовно тестирање на населението и „прави се што е во негова моќ да се пронајдат повеќе места за тестирање“. - Тестирањето, исто така, е дел од планот за отворање на ски центрите, објасни словачкиот министер. гт/

Остани поврзан