• вторник, 24 декември 2024

Воведно коло на тенискиот турнир „Македонија Опен 2023“

Воведно коло на тенискиот турнир „Македонија Опен 2023“

Скопје, 23 мај 2023 (МИА) – По комплетирањето на квалификациските натпревари, денеска почнува главната фаза на силниот АТП Челинџер турнир „Македонија Опен 2023“, кој се игра за награден фонд од 73.000 евра, а победникот ќе освои и 75 АТП поени.

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски, кој неделава напредуваше на АТП листата на 415 место, за пласман во второто коло ќе игра против Дино Призмиќ од Хрватска. Противникот на Ивановски е рангиран на 295 место на АТП листата.

Од другите македонски претставници, во натпреварите во двојки ќе настапат Обрад Марковски и Горазд Србљак.

Противници на македонската комбинација во првото коло ќе бидат Филип Бегеви од Шведска и Џејсон Тејлор од Австралија. ег/вј/ 

 

ФОТО: Твитер

 

Остани поврзан