• петок, 08 ноември 2024

Во акумулациите во Струмичко има доволно вода за пиење и наводнување

Во акумулациите во Струмичко има доволно вода за пиење и наводнување
Струмица, 23 мај 2022 (МИА) - Во хидроакумулациите во Струмичко има доволно вода за пиење и наводнување, а површините од околу 2 илјади хектари се наводнуваат континуирано од март, кога почнува производствената сезона во овој регион. Според денешните мерења, двете најголеми брани „Турија“ и „Водоча“ се повеќе од половина полни. -Во „Турија“ имаме 33 милиони и 344 илјади кубни метри вода од вкупно 50 милиони, а во „Водоча“ има над 14 милиони милиони од вкупен капацитет од 26 милиони кубни метри вода. Помалите акумулации „Маркова река“, „Иловица“ и „Новоселка“ се полни што е нормално за овој период од годината, информира Лазо Ѓоргиев, директор на АД Водостопанство на Македонија-Подружница „Струмичко Поле“, Струмица. Според него, наводнувањето се одвива непречено, а тековните дефекти се отстрануваат што е можно побргу. Апелира до земјоделците совесно да се однесуваат кон водата и по завршувањето на наводнувањето да ги запираат вентилите од системот за наводнување. Со постојните количини вода, посебно во браната „Турија“, не е доведено во прашање редовното снабдување на градот со вода, но сепак Ѓоргиев потсетува на рационално трошење и водата да не се употребува за полевање. рт/сст/

Остани поврзан