• сабота, 31 август 2024

Внукот на Мухамед Али дебитираше со технички нокаут во својата прва професионална борба

Внукот на Мухамед Али дебитираше со технички нокаут во својата прва професионална борба
Тулса, 15 август 2021 (МИА) - Нико Али Волш, внукот на Мухамед Али, победи во својата прва професионална боксерска борба. Во мечот против Џордан Виксон, поранешниот ММА борец, Али Волш, дебитираше со победа преку технички нокаут во првата рунда од мечот. На мечот тој носеше шорцеви кои припаѓале на неговиот дедо. - Изгледа како голем притисок, но, за мене, тој е само мојот дедо. За толпата, тој е најголемиот борец што некогаш живеел и можеби најголемата личност, но за мене тој е најголемиот дедо, изјави борецот. Дополни дека му недостасува и постојано мисли на него. ар/        

Остани поврзан