Внука на Бајден ќе се венча во Белата куќа
- Историски погледнато, девет од 18 документирани свадби во Белата куќа се на претседателски ќерки. Последната беше онаа на ќерката на Ричард Никсон, Триша, 1971 година.

Вашингтон, 14 ноември 2022 (МИА) - Наоми Бајден, внука на американскиот претседател Џо Бајден, ќе ja имa својата венчавка во Белата куќа. Нејзиниот избраник е Питер Нил, а свадбата е в сабота.
Ова ќе биде 19-та венчавка во историјата на Белата куќа. Според Американското историско претседателско здружение, сепак, првпат невестата е внука на претседателот. Стјуарт Мекларен, претседател на Здружението, истакна дека посебните прилики во ова здание се навистина незаборавни. - Ако ја имате привилегијата таму да прославите некој празник или некоја посебна пригода во вашиот живот - како што е свадбата, тоа ќе биде многу незаборавен настан, нагласи тој.