• понеделник, 23 декември 2024

Внатрешна истрага во Глазгов Ренџерс за кршење на ковид-протоколот

Внатрешна истрага во Глазгов Ренџерс за кршење на ковид-протоколот
Глазгов, 15 февруари 2021 (МИА) – Шкотскиот фудбалски прволигаш Глазгов Ренџерс соопшти денеска дека отворил интерна истрага по информациите дека играчи на клубот ги прекршиле мерките за спречување на ширење на коронавирусот. Актуелниот лидер во шкотското првенство отвори истрага во своите редови, откако полицијата потврди дека во неделата во еден часот по полноќ прекинала приватна забава во Глазгов. Казни им се изречени на десетина лица поради кршење на ковид-протоколот, а локалните медиуми објавија дека меѓу присутните на забавата имало и играчи на Глазгов Ренџерс. -Клубот е свесен за овој наводен инцидент и истиот е предмет на интерна истрага, соопшти Глазгов Ренџерс. На почетокот на оваа година Глазгов Ренџерс им изрече двонеделна суспензија на двајца свои фудбалери поради присуство на приватна забава, а Шкотската фудбалска федерација дополнително ги суспендираше на седум натпревари.ег/сд/ 

Остани поврзан