• среда, 25 декември 2024

ВМРО - ДПМНЕ: Спасов преку агенцијата Рејтинг испумпа од државниот буџет милиони евра, а си отвори и фотоцентрала 

ВМРО - ДПМНЕ: Спасов преку агенцијата Рејтинг испумпа од државниот буџет милиони евра, а си отвори и фотоцентрала 

Скопје, 21 јули 2024

 

Човекот кој преку неговата агенција Рејтинг, се насобра еден куп на тендери од милиони евра, а си отвори и фотоцентрала во годините на власт на СДС, сега мора да го отплаќа долгот, преку низок ПР, наталожен со лаги и манипулации, кои граѓаните лесно ги воочуваат, како невистини.

Никола Спасов, преку агенцијата Рејтинг испумпа од државниот буџет милиони евра, пари на народот.

Во 2020-та, година од Град Скопје во времето на Петре Шилегов, Спасов добил над 16.000 евра, но исто така и 4.500 евра од Општина Карпош кога градоначалник беше Стефан Богоев, познат по играње на компјутерски игри, со своите другари во општината.

Во 2021-ва од Општина Охрид, од тогашниот градоначалник Константин Георгиевски, добил 15.000 евра. Истата година добил 60.000 од Министерството за здравство, предводено од никој друг, туку неговиот сегашен шеф, Венко Филипче. Понатаму, во истата година, во месец август Спасов, од Владата добил тендер вреден цели 300 илјади евра.

Во 2022-рата година, од Владата добил над 420.000 евра, за промоција на македонското вино во Белград. Истата година во декември, Спасов добил тендер од 50 илјади евра од Министерството за финансии и уште еден од 100.000 од Министерството за надворешни работи.

Во 2023-та година, Спасов си стана и сопственик на нова компанија за производство на електрична енергија „Гама Солар“, а само после три дена Регулаторната комисија за енергетика, со одлука му одобри и лиценца за изградба на фотоцентрала, под име „Гама Солар1“ со моќност од 2,18 мегавати.

Откако Спасов ги лажеше граѓаните преку лажни анкети, дека СДС нема да ги изгуби изборите, сега има слична задача, но исто толку провидна, да ја лаже и манипулира јавноста, преку политика на ниски страсти.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан