• недела, 22 декември 2024

ВМРО - ДПМНЕ: Одлуката да биде пуштен Рашковски во домашен притвор сама по себе е скандал

ВМРО - ДПМНЕ: Одлуката да биде пуштен Рашковски во домашен притвор сама по себе е скандал
Скопје, 4 јуни 2021 Одлуката да биде пуштен  Драги Рашковски во домашен притвор е уште еден показател за заробениот правен систем од страна на Зоран Заев. Оваа одлука денес сама по себе е скандал, бидејќи покажува дека кога Заев те брани , тогаш криминалот се простува. Постои сериозна основа да се сомневаме дека Заев има вмешано прсти во ваквата одлука. Јавноста со право се сомнева и дека на овој начин може да се влијае врз сведоците и врз доказите, а со тоа и врз целиот судски процес. Очигледно, како Заев свири, така судовите и обвинителството играат. Да потсетиме дека пред недела дена Заев изјави дека Рашковски не ја злоупотребил функцијата во случајот со набавката на софтвер и дека не верува во обвинението против него и денес гледаме како на Рашковски му се дозволува да биде во домашен, а не ефективен притвор. Посебна приказна е висината на кауцијата од половина милион евра која Рашковски ја обезбедил, иако цел живот работи за плата исто како што е сомнителен и целиот имот кој што успеал да го стекне. Но тоа што сите го гледаат, судството кај нас не го гледа. Ова е причина плус зашто мора да замине Заев од власт. 4 години власт на Заев се 4 изгубени години Доста е! Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан