ВМРО - ДПМНЕ: Денеска се собирааат потписи за кандидатурата на Силјановска Давкова, очекувањата се дека ќе бидат собрани за еден ден
- Кандидатурата на професорката Силјановска Давкова покрај со потписите и поддршката од 30 пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе биде поткрепена и со над 10.000 граѓански потписи.

Скопје, 3 март 2024
Денес се собираат граѓански потписи за кандидатурата на професорката Гордана Силјаноска Давкова за претседател на Република Македонија.
Кандидатурата на професорката Силјановска Давкова покрај со потписите и поддршката од 30 пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе биде поткрепена и со над 10.000 граѓански потписи.
Профероската Силјаноска Давкова целата своја научна кариера ја има посветено на промоција и одбрана на демократијата како начин на уредување, и централната улога на граѓаните во неа, затоа и покрај тоа што таа има поддршка од 30 пратеници, поддршката од граѓаните е најзначајна.
Очекувањата се дека потписите од граѓаните ќе бидат собрани за еден ден.
Сите мерења на јавното мислење покажуваат повеќе од двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДС. Доаѓаат промени.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: МИА архива
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.