• сабота, 28 септември 2024

ВМРО - ДПМНЕ: Бисера Антоанета на патување во Ријад и Брисел пак си купувала кошули, маици, дресови, и повторно куфер

ВМРО - ДПМНЕ: Бисера Антоанета на патување во Ријад и Брисел пак си купувала кошули, маици, дресови, и повторно куфер

Скопје, 4 септември 2024


Не поминувало патување на Бисера Антоанета, а таа со народни пари да не си купи нешто за лични потреби.

Куфер купувала, како што самата кажа на патувањето во Лондон, бидејќи според нејзини зборови и бил загубен багажот од авио компанијата.

Но, фактите говорат друго. И на патувањето во Ријад и Брисел пак купила куфер. Секако Бисера Антоанета не би била Бисера Антоанета ако не потрошела пари на граѓаните за лични потреби. Куфер повеќе секогаш ќе служи, ако не на неа, ќе позајмува на блиски.

Бисера Антоанета за патувањето прво во Ријад во септември 2023 година, потоа истиот месец во Брисел, земала кеш од Министерството или 2000 долари и 900 евра.    

Бисера Антоанета со тие пари продолжила да си пазари за себе, и така пак купила  куфер кој овој пат ја чинел 38 евра,  купила и 5 дреса за 70 евра, во Парфоа, продавница која ја има и во Македонија потрошила 20 евра, а за 35 евра си купила и козметички производи, за 39 евра си купила кошула, потоа поло маици за 95 евра.

Бисера Антоанета на патувањата покажала само едно дека знае како да си пазари за лични цели со народни пари.

Ова расипничко однесување на Бисера Антоанета е само еден пример како претходната влада ги трошела парите на граѓаните.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан