• среда, 27 ноември 2024

ВМРО-НП: Тенковите кои и се подаруваат на Украина не се добиени како помош туку се купени

ВМРО-НП: Тенковите кои и се подаруваат на Украина не се добиени како помош туку се купени
Скопје, 30 јули 2022 ВМРО-Народна партија во врска со дискусијата која се отвори деновиве за потеклото на тенковите кои се подаруваат на Украина, сака да појасни неколку работи за да не се создаваат непотребни забуни. Под услов ако се работи за истите тенкови кои се набавени во кризата 2001 година, сакаме да потенцираме дека тенковите Република Македонија не ги доби како донација од Русија, како што пишуваат некои медиуми, туку државата ги купи од Украина, што беше многу важна помош со оглед дека тогаш имаше неофицијално емабрго за продажба на оружје за Македонија. Сакаме да додадеме и нагласиме дека дека тенковите не се добиени како помош туку се купени со македонски пари. Согласно тоа добро е Северна Македонија да добие некаква компензација од НАТО земјите со оглед на фактот дека ова оружје е сеуште функционално и употребливо. Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан