• среда, 25 декември 2024

ВМРО-Народна партија ја поздравува иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за една изборна единица

ВМРО-Народна партија ја поздравува иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за една изборна единица
Скопје, 30 јануари 2022 ВМРО-Народна партија ја поздравува иницијативта на ВМРО-ДПМНЕ со која предлага промена на моменталниот изборен модел во „една изборна единица“. Но, во исто време ВМРО-Народна партија смета дека предлогот за намалување на бројот на пратеници од 120 на 90 не е прифатлив затоа што ваквото намалување ќе доведе до уште поголемо монополизирање на македонскиот парламент во интерес на големите политички партии. Оваа промена ќе значи уште поголема елиминација на помалите политички партии независно дали се основани врз база на идеолошка или етничка основа што во суштина ќе значи и удар врз мултикултурниот живот во државата. Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија _______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан