• среда, 25 декември 2024

ВМРО-Народна партија ја повикува МАНУ да ги објави оригиналите на делата и на Јоаким Крчовски и на Кирил Пејчиновиќ

ВМРО-Народна партија ја повикува МАНУ да ги објави оригиналите на делата и на Јоаким Крчовски и на Кирил Пејчиновиќ
Скопје, 17 октомври 2022 ВМРО-Народна партија го поздравува канонизирањето на нашиот просветител Кирил Пејчиновиќ (Св. Кирил Лешочки) исто како и пред извесно време канонизирањето на просветителот Јоаким Крчовски (Св. Праведен Јоаким Крчовски Учител и Просветител). Во таа насока за да се запознаеме подобро со нивните дела ВМРО-Народна партија ја повикува МАНУ во фототипски изданија да ги објави оригиналите на делата и на Јоаким Крчовски и на Кирил Пејчиновиќ. Во исто време потенцираме дека е срам за македонската држава што дури по 78 години од постоењето зборуваме за овие двајца големи просветители, а нивните дела да не ни се достапни. Сметаме дека канонизирањето на просветителите е добар повод за еден ваков чин. Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан