• недела, 24 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Џафери ги прекрши законите и Уставот со отфрлање на иницијативата за референдум

ВМРО-ДПМНЕ: Џафери ги прекрши законите и Уставот со отфрлање на иницијативата за референдум
Скопје, 14 септември 2022

Шуплива одбрана на неодбранливото - Џафери ги прекрши законите и Уставот со отфрлање на иницијативата за референдум, тоа се фактите.

Владата не сака да спроведе референдум за да не потроши пари, а во исто време не и беше проблем што троши 400 илјади евра за вински фестивал.

Џафери и власта не се во право по најмалку два основа. Џафери не е Уставен судија да толкува Устав, второ ова е билатерален договор, каде се спори законот за ратификација кој има сила на закон, а не меѓународен договор.

Со поништувањето на Законот за ратификација ќе престанеше важењето на договорот со Бугарија, зошто меѓународните договори важат само доколку се ратификувани.

Антимакедонската СДС избега од референдум само затоа што се плаши од народот и знае дека никој не го поддржува договорот со Бугарија.

  Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан