ВМРО-ДПМНЕ: СДС се опозиција во Србија или во Македонија
- Навистина сме вчудоневидени , СДС живее во паралелен универзум, денес тоа и се потврдува. Генералниот секретар на СДС, денес на прес-конференција излезе и објаснуваше за тоа дека банка од Србија купила банка во Македонија, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
12 декември 2025
Навистина сме вчудоневидени, СДС живее во паралелен универзум, денес тоа и се потврдува. Генералниот секретар на СДС, денес на прес-конференција излезе и објаснуваше за тоа дека банка од Србија купила банка во Македонија, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
Повеќе од 10тина дена, СДС сака да продаде некаква приказна за српски свет во државата, но тешко им оди. Не ја научија лекцијата која им ја одржаа граѓаните, а на следните избори добро е ако имаат и 100.000 гласови.
Прашањето кое го поставуваме е дали СДС е опозиција во Србија или во Македонија? И зошто се толку опседнати со наша соседна држава? Дали има нешто коешто Заев и Филипче го кријат од јавноста во Македонија за некаков бизнис во Србија па затоа се гласни? Дали преку нашиот северен сосед, Заев купувал акции во индиска авиокомпанија? Чиви банкарски интереси во Македонија штити?
На лагите на СДС им се кратки нозете. „Бомбите'' што ги промовираат, освен дим и чад, не „пукаат''.