ВМРО-ДПМНЕ: СДС како евтин ВИ-модел зборува неповрзани работи
- СДС денес звучи како евтин ВИ-модел со многу зборови, никаква суштина, конфузија, неповрзани нешта и многу очај. За ова народот би рекол: тропаат како „Максим по дивизија“. Сè одеднаш, без ред, без аргумент и без цел, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
19 март 2026
СДС денес звучи како евтин ВИ-модел со многу зборови, никаква суштина, конфузија, неповрзани нешта и многу очај. За ова народот би рекол: тропаат како „Максим по дивизија“. Сè одеднаш, без ред, без аргумент и без цел, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
Но заради почит кон јавноста, должни сме да кажеме дека партијата што 7 години ветуваше ЕУ „утре“, денес зборува за реформи што сама не ги направи.
Партијата што го урниса правосудството, денес држи лекции за владеење на право.
Партијата што ја заглави државата, денес зборува за „изолација“.
Наместо одговори за тоа зошто не ги реализираа реформите, зошто немаа резултати и зошто ја оставија државата без напредок кон ЕУ, СДС нуди конфузија и празни тези.
Не знаеме од што му е на Филипче, но посакуваме да се соземе и да престане да „тeњака“ глупости.
Ова не е политика.
Ова е конфузија.