ВМРО-ДПМНЕ: СДС го спасува и го држи на функција Коцевски, наместо СДС и ДУИ да бараат спас од одговорност, да побараат правда и владеење на правото
- СДС го користи случајот со трагедијата во Кочани за политичка манипулација. Лажната загриженост на СДС на прес-конференциите е инструмент за дефокус и блед обид за напад на ВМРО-ДПМНЕ, додека во позадина стои заштита на Коцевски, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 4 август 2025 (МИА) - СДС го користи случајот со трагедијата во Кочани за политичка манипулација. Лажната загриженост на СДС на прес-конференциите е инструмент за дефокус и блед обид за напад на ВМРО-ДПМНЕ, додека во позадина стои заштита на Коцевски, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално.
Лицемерието на СДС пукна како меур од сапуница, не помина ниту месец дена глумата на СДС дека се критичари на Коцевски. СДС со негласањето на интерпелацијата на отвoрена сцена пред очите на целокупната јавност го спаси Коцевски, бидејќи без него, функционерите на СДС и ДУИ се првите на удар на правдата.
Коцевски ја поткопува улогата на обвинителството и ја продлабочува недовербата во правосудниот систем.
Љупчо Коцевски, сноси директна одговорност за непостапувањето по сериозни наводи за криминал поврзан со функционери од СДС и ДУИ. Наместо да ја гарантира правдата и да ги штити интересите на граѓаните, Коцевски овозможува системска заштита на политички моќници.
Коцевски наместо да работи на владеење на правото и да го санкционира криминалот тој ја продлабочува недовербата на граѓаните во правосудството кое што е помало од 2 проценти.
Граѓаните ја гледаат меѓусебната заштита на Коцевски со СДС и ДУИ, наместо празни флоскули и наративи на неиздржани прес-конференции и злоупотреба на трагедијата во Кочани, време е СДС да се залага за владеење на правото и правдата. А не да бара спас од одговорност за своите функционери.
Обвинителот кој штити политичари треба да си замине од функцијата. Правдата и владеењето на правото во Македонија мора да профункционираат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ