• петок, 19 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ли најде да зборува за култура, со Бисера Антоанета парите завршуваа или за плишани мечиња или за УЧК песни

ВМРО-ДПМНЕ:  СДСМ ли најде да зборува за култура, со Бисера Антоанета парите завршуваа или за плишани мечиња или за УЧК песни

Скопје, 17 јули 2025

Кој зборува за култура? СДС? Партијата која на чело на Министерството за култура ја имаше Бисера Антоанета?

Со СДС, парите во културата завршуваа или за мечиња за Бисера или за УЧК песни.

Јасно се  гледа дека во Министерството за култура по нивната логика оправдано беше само да се трошат државни пари за плишани мечиња и шопинзи во Лондон.

СДС кога зборува за култура нека се сети само што правеа нивните луѓе во оваа област. Ако им се веќе заминати бидејќи е евидентно дека им се ситни партијата, нека ги прашаат оние кои знаат да гуглаат и да најдат на интернет. Само да потсетиме им се ситни поради послушникот на Заев, Филипче, кој само му го чува претседателското столче во СДС. 

СДС ги игнорираше сите уметници кои немаа врски блиски до власта и формираше тесен круг на истомисленици и слепи поддржувачи, а сите кои не се сложуваа со нивните мислења беа прогонувани.

Институциите не се експериментална лабораторија, како што се вели во нивното партиско соопштение, туку се директен резултат на нивната партизација на истите.

Или не се сеќаваат кога Бисера Антоанета делеше грантови без никакви критериуми, или кога делеше пари на новоформирани НВО, за сомнителни работи кои дополнително поткопа било што, што е поврзано со култура.

СДС од култура знае само партизација или непрофесионалност, и кражба за лични цели, а не за промоција на културни вредности.

 

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан