• недела, 29 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме поддршка од сите политички партии, измените на Законот за локална самоуправа се рационални и ги намалуваат трошоците

ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме поддршка од сите политички партии, измените на Законот за локална самоуправа се рационални и ги намалуваат трошоците

Скопје, 9 септември 2024 (МИА) – Измените на Законот за локална самоуправа се ставени како точка на дневен ред за седницата закажана в среда, на 11 септември. Очекуваме поддршка од сите политички партии, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

Во однос на тоа дали е обезбедено двотретинско и бадентерово мнозинство, Митева рече дека очекува поддршка од сите партии, затоа што, како што посочи, овој закон е рационален и ги намалува трошоците. 

-   Очекуваме да се изгласа потребата од носењето на овој закон, а веднаш потоа согласно Деловникот да се запазат сите процедури. Очекуваме поддршка од сите политички партии затоа што цениме дека овој закон е рационален и ги намалува трошоците на граѓаните и државата, изјави Митева, одговарајќи на новинарски прашања денеска на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. 

Предлог измените на Законот за локална самоуправа, кои беа доставени до Собранието пред неколку дена по скратена постапка, а негови предлагачи се координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, Никола Мицевски, Халил Снопче и Горан Карапејовски, овозможуваат актуелните в.д. градоначалници да го истераат мандатот до редовните локални избори во октомври 2025 година.

Доколку предлог законот не помине, тогаш според актуелното законско решение во Сарај, Аеродром и во Гостивар до крајот на годината ќе треба да се одржат вонредни избори за избор на градоначалници. аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан