ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните затечени од снегот во ноември, граѓаните заглавени на повеќе патни правци
- Десетици возила, меѓу кои автомобили и камиони се блокирани на Стража и Маврово. Медиумите цело попладне објавуваат снимки од граѓани кои се заглавени на Стража и Маврово, а надлежните затечени од снегот во ноември не знаат што да прават.

25 ноември 2023
Додека за директорот на „Македонија пат“ забавата почнува, граѓаните се заглавени на повеќе патни правци, оставка!
Десетици возила, меѓу кои автомобили и камиони се блокирани на Стража и Маврово. Медиумите цело попладне објавуваат снимки од граѓани кои се заглавени на Стража и Маврово, а надлежните затечени од снегот во ноември не знаат што да прават.
Костадин Ацевски треба да си даде оставка, зошто при првиот снег оваа година Македонија е блокирана.
За Ацевски забавата може да почне во некоја кафеана, но не и во „Македонија пат“, и не со десетици наши сограѓани завеани по патиштата, за тоа мора да понесе одговорност.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.